Станкоски-Комбинатот е подготвен да ги преземе сите договорени количини тутун и веднаш да ги плати
Вкупно се отворени 20 откупни пунктови со 28 ваги. Имаме околу 4 000 кооперанти. Очекувам добра реколта. Исплатата ќе биде како и изминатите години, веднаш по преземените количества. Бевме предводници на зголемувањето на цените по класи, оваа година го извлековме максимумот, се надевам за догодина ќе се стабилизира економската ситуација, а со тоа и цените на тутунот, изјави Станкоски.
Директорот на прилепскиот Тутунски комбинат, Кире Станкоски нагласува дека Комбинатот е подготвен да ги преземе сите договорени количини тутун и веднаш да ги плати. Отворени се 20 пунктови во градот и населените места.
-Тутунскиот комбинат е целосно подготвен за почетокот на откупот. Почнуваме на сите пунктови во градот и во населените места. Вкупно се отворени 20 откупни пунктови со 28 ваги. Имаме околу 4 000 кооперанти. Очекувам добра реколта. Исплатата ќе биде како и изминатите години, веднаш по преземените количества. Бевме предводници на зголемувањето на цените по класи, оваа година го извлековме максимумот, се надевам за догодина ќе се стабилизира економската ситуација, а со тоа и цените на тутунот, изјави Станкоски.https://nezavisen.mk/