Станковски-Се залагаат за договорно производство, но недостига цената
Претседателот на здружението на земјоделци „Агрофаланга“, Љупче Станковски, посочува оти недостигот од стратегија и план кај нашите влади, збогатено со криминал и корупција, е смртоносно за секој бизнис, па и за земјоделството. Според него, постои сомнеж за можноста позитивно да се одрази ситуацијата врз земјоделството.
Претседателот на здружението на земјоделци „Агрофаланга“, Љупче Станковски, посочува оти недостигот од стратегија и план кај нашите влади, збогатено со криминал и корупција, е смртоносно за секој бизнис, па и за земјоделството. Според него, постои сомнеж за можноста позитивно да се одрази ситуацијата врз земјоделството, пишува Нова Македонија
Домашните аграрни експертите укажуваат оти договорното производство може да даде плод и дека сега е крајно време да се преземат конкретни чекори за враќање не само на овие две култури туку и на повеќе други култури на нашите ниви.
– Договорното производство се применува и практикува и во пазарните економии. Сѐ е во насока на развој на земјоделството и вакви договори може да го поттикнат повторно производството. Ваквите обиди треба да се поддржат за да се зголемат површините на кои ќе бидат засадени земјоделските култури. Сметам дека вакви мерки треба да се направат секаде каде што има можности и интерес од двете страни за да се вратат на нивите сите култури што некогаш се одгледувале кај нас, а денес се или во намалени количества или воопшто ги нема. Сметам дека има мерки што можат да дадат плод и да се зголеми интересот за поголемо производство. Една таква мерка е и мерката за ставање на целото расположливо или слободно земјоделско земјиште во функција, но и други мерки што ќе придонесат да се зголемат приносите по хектар – вели универзитетскиот професор Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и храна. Повеќе на линкот https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/dogovornoto-proizvodstvo-kje-gi-vrati-zemjodelcite-na-niva/