fbpx
Вести

Тетовската јаболка се уште стои во подрумите и магацините

И по четири месеци од бербата, тетовската јаболка се уште стои во подрумите и магацините. Овоштарите велат дека досега нема заинтерисираност за откуп, ниту надлежните институции покажале интерес за нивниот проблем.

Голем дел од нив одлучилите годинешниот род да го фрлат на депонија, а здравје како што велат напролет, да ги окторнат насадите со јаболка.

Овоштарите ни раскажаа дека ова е една од најлошите години за нив. Вели дека државата мора да воспостави контрола на увозот на тропско овошје.

Од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието, велат дека во последниве години регистрираат дека се намалуваат овошните насади со јаболка. И оттаму како причина за ваквата состојба ги наведуваат немањето откуп и  ниската откупна цена. Додаваат дека вината е и кај самите земојделци, кои конечно треба да се здружат во задруга и заеднички да настапат на пазарот, со цел спречување на процесот на исчезнување на тетовското јаболко.


 

telma

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close