ВестиВкусот на традицијатаТоп вести
Сте слушнале ли за сино вино?
Со векови, луѓето избираат меѓу стандардни типови вино, црвено и бело, а вистинската револуција е предизвикала пред три години со синото вино, направено од мала компанија од Шпанија.
Производот е обично вино обоено со природна боја добиена од грозје и индиго, исто така, од растително потекло.
Синото вино се добива од комбинација на бело и црвено грозје од лозови насади од Шпанија и Франција.
Синото вино се сретна со најразлични реакции, дел беа воодушевени, а дел од оние што го пробаа, според „Вашингтон пост“, исто така, велат дека не било ништо посебно.
Во секој случај, синото вино привлекува големо внимание, и тоа беше основната намера на производителот.