fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сте вработиле лице со субвенции од државата – што доколку си замине од работното место?

Освен во случај на смрт, пензија и неспособност за работа, работодавачот е должен во рок од 30 дена на негово место да вработи друго невработено лице - активен барател на работа што припаѓа на било која категорија во рамките на целните групи опфатени со оваа мерка. Во спротивно е должен да врати сразмерен износ од исплатените средства (износот на субвенција по лице поделен со вкупниот број на месеци)“, одговараат од Агенцијата за вработување.

Државата со помош на субвенционирани вработувања години наназад се труди да ја зголеми вработеноста на населението. Илјадници луѓе досега се вработиле на овој начин.

Помошта се состои во субвенционирање на плати  извесен период, а потоа работодавецот е должен да го задржи работникот на работното место согласно пропишаното. Но, што се случува доколку работникот во тој временски период си замине од работното место?

„Согласно договорот што се склучува  помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ и работодавачот за субвенционирање на вработување, работодавачот се обврзува на субвенционираните работници да им ги обезбеди сите права што произлегуваат од работниот однос согласно закон, колективен договор и договорот за вработување, а во контекст на вашето прашање, доколку на работникот за кој е исплатена субвенција, му престане работниот однос во било кој период (периодот на субвенција и дополнителниот период за кој е должен да го задржи работникот во работен однос), освен во случај на смрт, пензија и неспособност за работа, работодавачот е должен во рок од 30 дена на негово место да вработи друго невработено лице – активен барател на работа што припаѓа на било која категорија во рамките на целните групи опфатени со оваа мерка. Во спротивно е должен да врати сразмерен износ од исплатените средства (износот на субвенција по лице поделен со вкупниот број на месеци)“, одговараат од Агенцијата за вработување.

Во извештајот на Агенцијата за вработување за 2021 година стои дека со субвенционирање на плати помогнале на лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот. Финансиската поддршка изнесувала 19.000 денари месечно, за период од 3, 6 или 12 месеци за одредени целни групи. Корисници на мерката биле мали, микро, средни фирми, социјални претпријатија, граѓански организации. https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close