fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Пријавување субвенции за предадено овошје и зеленчук

Висината на поддршката изнесува 3 денари за килограм за сите видови на овошје и на зеленчук.

До 25-ти декември можат да се поднесуваат барања за субвенции за продаденото овошје, зеленчук и винско грозје во преработувачките капацитети. За овошните и градинарските култури можат да аплицираат сите земјоделски стопанства кои своето производството го предале за преработка во конзервната индустрија во периодот од 26-ти декември 2021 година до 25-ти декември годинава. Висината на поддршката изнесува 3 денари за килограм за сите видови на овошје и на зеленчук.

Лозарите кои имаат површини под лозови насади и оствареното производство на винско грозје од реколта 2022 година го предале на регистрирани откупувачи, или го искористиле за потребите на сопствениот преработувачки капацитет можат да аплицираат за дополнителната финансиска поддршка од по 2 денари по килограм.

Земјоделците заедно со барањата, треба да достават и потврди издадени од преработувачот во кои јасно ќе биде назначена големината на предадените количества.

Барањата може да се поднесуваат по електронски пат во Платежната агенција или заедно со помош на подрачните единици на Министерството за земјоделство.

 

Сите баратели при поднесување на апликациите треба да внимаваат на точноста на наведените податоци.https://4news.mk/

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close