CTO ги укина субвенциите за извоз на земјоделски производи
Државите од Светската трговска организација (СТО) се договорија да ги укинат субвенциите за извоз на земјоделски производи.
Развиените држави се согласија веднаш да ги прекинат субвенциите, а државите во развој мораат тоа да го направат до 2018 година.
СТО што претставува 162 држави, ова го нарече “најзначајниот исход за земјоделството” откако е формирана оваа организација од 1995 година.
Но, долгите преговори за другите трговски бариери завршија без решение на крајот од самитот што се одржа во Кенија.
Укинувањето на субвенциите за извоз на земјоделските производи би требало да им помогне на фармерите во посиромашните држави да бидат поконкурентни.
Самитот на министри што заврши во саботата по пет дена преговори беше првиот самит што се одржал во Африка.
СТО го нарече овој договор ” историски”, а Европската комисија рече дека тоа би било “добро за по фер трговија”.