вестиТоп вести

Што јаде Македонецот? Многу леб, малку месо!

Се повеќе житарки и тестенини, а се помалку риба и месо. На просечната трпеза во Македонија преовладуваат производите кои се најевтини.

Официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека просечниот Македонец на ден јаде по нешто над 200 грама леб, околу 100 грама други житарки и 20 грама тестенини.

Кај зеленчукот најконсумирани се компирите, по околу 80 грама, следат оризот со 20-на грама, гравот со 15, кромидот и лукот со по околу 30, исто колку и зелката. Домати во просек се јадат по 40 грама на ден, а пиперки по околу 60.

Од овошјето најмногу се троши јужното, по околу 40 грама, потоа лубеници и дињи 30 грама, по исто толку јаболка и грозје, кајсиите и праските едвај надминуваат 10 грама просечна дневна потрошувачка по човек.

Од месото најмногу се јадат пилешкото и мисиркиното, по 30-на грама просечна дневна потрошувачка, потоа јунешко и телешко по околу 20 грама, речиси исто толку и свинско, а двојно помалку риба. Месни преработки односно салами, паштети и колбаси се јадат во просек по речиси 30 грама на ден.

Од млечните производи просечната потрошувачка е по 100 милилитри млеко, 60 грама кисело млеко и јогурт и двојно помалку сирење.

Во просек Македонецот јаде и по 1 јајце секој втор ден. Целиот текст може да го прочитате тука

Извор:Денар

Слични написи

Back to top button
Close