Вести
Сточарите се жалат на ниска откупна цена на јагниња за Велигден
Сточарите и годинава се незадоволни од ниската откупна цена на јагниња за Велигденските празници,која се движи околу 140 денари за 1 кг жива мера.
Сточарите и годинава се незадоволни од ниската откупна цена на јагниња за Велигденските празници,која се движи околу 140 денари за 1 кг жива мера. Месото е со одличен квалитет и истото е барано на странските пазари,но со ваквите цени, сточарството само ќе тоне.Растат само трошоците, а крајната заработувачка е се помала, се жалат сточарите.
И покрај одличните услови во земјава за развој на сточарството, Амити вели дека не гледа подобри години.Се повеќе се намалува бројот на овци,и воопшто интересот за сточарство. Вината ја гледа и во Владините политики, кои не нудат доволно помош и поддршка за сточарите.
Инаку,од почетокот на годинава до сега се откупени само околу 15 илјади јагниња, а најмногу се извезува на италијанскиот пазар.Бројките јасно укажуваат дека без конкретни мерки за поддршка, квалитетното македонско јагне се помалку ќе го има на европските трпези.
—