fbpx
Вести

Зелена нафта за земјоделците од следната година

Од следната година ќе се реализира мерката за зелена нафта за земјоделците, најави портпаролот на Минитстерството, Соња Јанковска и додаде дека во буџетот на Министерството за земјоделство има обезбедено средства за оваа намена.

Лозарите добиваат дополнителни два денара субвенција по килограм предадено грозје, а производителите на ориз по 18 илјади денари од хектар засеана површина. Сточарите, пак, ќе бидат 100 проценти обесштетени од загубите од болеста јазлеста кожа. Владата ќе даде пари и за зелената нафта.

Од следната година ќе се реализира мерката за зелена нафта за земјоделците, најави портпаролот на Минитстерството, Соња Јанковска и додаде дека во буџетот на Министерството за земјоделство има обезбедено средства за оваа намена.

Во Буџетот на Министерството за земјоделство има пари за поддршка за набавка на горива за земјоделска механизација и Владата оваа мерка ќе ја реализира следната 2018 година, истакна Јанковска.

Во завршна фаза се анализите, а реализацијата на оваа мерка ќе оди преку измена на Законот за земјоделство и рурален развој.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close