fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сточарите бараат извоз кон ЕУ, а јагнето да стане стратешки производ

Митко Јанков од село Ораовец, Велес цел живот се занимава со овчарство. Вели дека иако за 100% целосно се покачени трошоците, сепак цената на јагнето останува иста.

Митко Јанков од село Ораовец, Велес цел живот се занимава со овчарство. Вели дека иако за 100% целосно се покачени трошоците, сепак цената на јагнето останува иста.

„Состојбата е жалоста кај нас. Од една страна од трговците, затоа што јагнето на светски берзи на месо расте, а кај нас сто во место. 160 денари беше од почетокот за Нова година беше 200 и 210 денари, потоа падна и се задржа на 160 денари“, истакне Митко Јанков.

Вели дека цената се држи вештачки, а се помалку има одгледувачи. Годишно се извезуваат 190 илјади јагниња, а највеќе во Италија, Албанија, Бугарија.

„Моментална цена на бугарското јагне е околу 3 евра или нешто повеќе за живо што го откупуваат од кај сточарите, а доаѓаат и купуваат од кај нас јагне и не обвинуваат нас дека ние продаваме евтино јагне. Но, не сме ние тие кои ја диктираат цената. Тоа го прават тројца луѓе во државата тие се главните откупувачи“, додава Митко Јанков.

Грција и Бугарија се соочуваат со недостиг, па приморани се да увезуваат. Проблем е царината оти Македонија не е дел од Европската унија, дополнително и болестите кај добитокот се проблем при извозот.

„Би апелирал до АХВ да се исчисти тие портокалови, црвени, иако црвени мислам нема и да почнеме да извезуваме јагне за Европа. Да не се држиме на еден традиционален пазар кој знаеме дека не удира и по цена и по џеб на сточарите“, вели Митко Јанков.https://mk.tv21.tv/za-praznitsite-skromno-poradi-visokite-tseni-stocharite-baraat-izvoz-kon-eu-a-jagneto-da-stane-strateshki-proizvod/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close