
Сточарите бараат нов јавен повик за набавка на педигриран добиток-овци и кози
Дали има реален интерес кај сточарите за нов јавен повик конкретно за набавка на педигриран добиток, прашуваат сточари.
Сточарите бараат нов јавен повик за набавка на педигриран добиток – овци и кози.
„Како активен сточар ме интересира дали има реален интерес кај сточарите за нов јавен повик конкретно за набавка на педигриран добиток (јагниња, овци, кози).
Многу од нас, особено од руралните подрачја, би сакале да вложат во квалитетна генетика и да го модернизираат сопственото производство, но во моментов таква мерка не е предвидена. Верувам дека доколку објавите повик за изразување интерес, тоа ќе биде добар сигнал и до институциите дека ваки програми се навистина потребни и барани“, вели сточар за Зелена берза.
Во 2023 година МЗШВ го распиша последниот јавниот повик за мерката 121.1 поддршка за набавка на педигриран добиток.
Поддршката од оваа мерка се однесуваше за набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко, месо и комбинирани млеко-месо и месо-млеко, со исклучок на расата Буша, потоа набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци и набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла кози.
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесуваше 10 милиони денари, што претставуваше поврат на направената инвестиција од 50% – 75%.