
Сточарите чекаат 8.000 денари по грло субвенција – зедоа пари за млекото до крајот 2024 година
Исплатено е млекото за месеците јули, август, септември, октомври, ноември и декември 2024 година.
Одгледувачите на говеда ги бараат субвенциите за кравите за 2024 година. Контректно исплата на запостанатите 8000 денари по грло добиток за цела 2024 година, оти досега им се исплатени само по 4.000 денари.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Исплатени се 4.574 млекопроизводители со вкупен износ од 292.614.813,00 денари.
Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози и произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците јули, август, септември, октомври, ноември и декември 2024 година.
Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко.