fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Сточарите ги бараат субвенциите за 2020 година, во спротивно ќе блокираат патишта

Доколку, нивните барања не бидат прифатени, тие за крајот на неделата најавуваат блокади на државните патишта.

Поголема група сточари од северозападниот регион одржаа протестен собир на кој од државните институции побараа да им бидат исплатени субвенциите за добиток предвидени за минатата година. Доколку, нивните барања не бидат прифатени, тие за крајот на неделата најавуваат блокади на државните патишта.

Сточарите од тетовско, гостиварско, кичевско дебарско се револтирани од доцнењето на финансиската поддршка и сметаат дека се изманипулирани и досега добиле само ветување.

– Се соочуваме со недостиг од храна за овците. Парите ни се итно потребни, а не да се префрлаат на други места. Со нашиот труд што го вложуваме во добитокот и она што ни припаѓа, се прави компензација за субвенциите за тутунот. Тоа не е во ред, ние како произведувачи на храна да бидеме тргнати настрана, беше речено на протестот.

Сточарите, меѓу кои најбројни беа оние што одгледуваат овци, посочија дека состојбата во која се наоѓаат е сериозна и дополнително отежната заради пандемијата. Тие, како што беше кажано, упатуваат апел Платежната агенција и Министерството за земјоделство да ги земат предвид нивните барања. Доколку не бидат исполнети до дадениот рок најавуваат, продолжување на протестите со порадикални мерки како блокирање на патишта.

Сточарите кои денес протестираа одгледуваат над 180 илјади грла овци, за кои од државата треба да добијат над три милиони евра финансиска поддршка. Субвенцијата за едно грло се движи околу 900 денари, а за чување на женско јагне таа достигнува 2.400 денари.згм/вј/

Гостивар, 29 март 2021 (МИА)

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close