Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сточарот Вангелина Пармачка е на официјалната листа „100 жени херои“ на ФАО

Министерот Серафимовски вели дека ова меѓународно признание за Пармачка е причина за гордост за цела Македонија.

Македонката, жена земјоделец, Вангелина Пармачка е на официјалната листа „100 жени херои“ на ФАО.
Пармачка е од жена сточар од селото Будинарци.
Министерот за земјоделие Борче Серафомовски упати честитки до Вангелина Пармачка од Будинарци за изборот меѓу 100-те жени херои на ФАО.
Ова меѓународно признание е причина за гордост за цела Македонија.
Убеден сум дека нејзиниот успех ќе охрабри уште многу луѓе кај нас поамбициозно да размислуваат за сопствената иднина во земјоделството и сточарството.
Пармачка ја поврзува сточарската дејност со сопствена преработка и продажба на традиционално овчо сирење, создавајќи дополнителна вредност од своето производство. Особено ја ценам нејзината улога во Мрежата на жени фармери при Националната федерација на фармери, каде што го споделува сопственото искуство и ги охрабрува жените да ги развиваат своите земјоделски стопанства.
Ваквите успеси го покажуваат потенцијалот на руралниот развој – добрите идеи да прераснуваат во одржливи бизниси, а поголем дел од создадената вредност да останува во нашите села.

Поврзани новости

Back to top button