fbpx
ВестиТоп вести

Науката, преку земјоделски советници, влегува во аграрот

Земјоделските совтеници ќе бидат огромна поддршка за земјоделците. Тие се задоволни и велат дека најновиот проект ќе значи дека во иднина тие ќе се занимаваат само со производство, а се друго ќе биде работа на советници кои ќе ги плаќа државата. Советниците ќе се грижат за секој дел од производствто што ќе значи и планирање за да не се создаваат вишоци на пазарот. Ќе донесат поголем квалитет и подбри цени за макеоднските земјоделски производи. Овој прокет исто како и системот капка по капка е на барање на земјоделските здруженија.

Ivana_2016418173546

Земјоделските советници ќе бидат лица со завршен факултет и познавање англиски јазик кои ќе мора да ги следат современите трендови во земјоделствто за да можат што подобро да советуваат. Ќе имаат лиценци со ограничено траење по што ќе мора потворно да полагаат за да бидат мотивирани постојано да учат.

„Ќе бидат на база слична на матичните лекари, ќе бидат плаќани од државата по капитација, односно по глава на жител-земјоделец, односно колку има привлечено земјоделци да им биде советник, толку соодветно ќе биде платен и ќе бидат добро платени, ќе има голем интерес за таа професија, но тие ќе бидат должни неколку пати во годината да го посетуваат земјоделецот, да му даваат најдобри стручни совети, совети кои се базирани на најновите научни истражувања во делот на земјоделито во светот. Советниците ќе имаат обврска да ги посетуваат земјоделците на нива, да ја испитуваат земјата, да им дадат совет за нивниот плод и ќе имаат обврска да напишат што ги советувале, каков совет им дале, и потоа да ги видат резултатите, рече Никола Груевски.

Земјоделските советници постојат во повеќе земји членки на ЕУ со развиено земјоделство.  Во Литванија земјоделците добиваат економски и технолошки услуги, совети за планирање во кои спаѓат ѓубрење, планови за заштита на растенијата и на почвата, совети за благосостојба на животните итн.

Во Велика Британија советниците даваат услуги од областа на законодавството, за воведување нови мерки и практики во производтсвто кои ќе ги намалат негативните ефекти врз животната средина, но и совети за користење на земјиштето,  управување со ѓубривата, средствата за прихрана и заштита на растенијата.

Во Австрија советодавните служби во земјоделството се однесуваат на намалување на трошоците, на квалитетот на храна и хранливоста.

Секаде советниците се со високо образование од областа на земјоделството и да се со соодветно искуство за оваа дејност.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close