
Агро бизнисВестиТоп вести
Стоилев: Има интерес за поддршка на рурален туризам, но проблем се неурбанизираните локации за можни инвестиции
Тука има голем интерес, но како Агенција се соочуваме со големи предизвици. Се работи за проблеми во делот на урбанистичкото планирање кај одредени општини каде се уште не се урбанизирани атрактивните локации за можни инвстиции, а согласно ИПАРД процедурите, добивањето одобрение за градење е главен услов да се аплицира за овој тип инвестиција и да биде прифатливо за исплата.
- -Во одредени мерки од ИПАРД Програмата како Диверзификација на фарми и мали бизниси, еден од приоритетите е вложување во капацитети за рурален туризам. Тука има голем интерес, но како Агенција се соочуваме со големи предизвици. Се работи за проблеми во делот на урбанистичкото планирање кај одредени општини каде се уште не се урбанизирани атрактивните локации за можни инвстиции, а согласно ИПАРД процедурите, добивањето одобрение за градење е главен услов да се аплицира за овој тип инвестиција и да биде прифатливо за исплата. Искрено се надеваме дека општините заедно со Министерството за транспорт и врски ќе најдат брзо решение да го надминат овој проблем и да ја зголемиме апсорпцијана на средства за ова намена на задоволство на сите кои имаат намера да инвестираат во рурален туризам. Инаку, АФПЗРР преку Програмата за рурален развој подржува мерка со која ги покрива трошоците на општините за изработка на ДУП, но, за жал, тие средства се уште стојат неискоритени поради одредени бариери, нагласува Илија Стоилев, директор на Платежната агнеција.
- МИА