fbpx
ВестиМакедонија

Стоп за увозот на стари возила- на улиците само ЕУРО 5 и нагоре

Северна Македонија планира годинава да го забрани увозот на возила под ЕУРО 5 стандард. Ќе се субвенционира купувањето на хибридни возила.

Северна Македонија планира годинава да го забрани увозот на возила под ЕУРО 5 стандард. Ќе се субвенционира купувањето на хибридни возила.

Северна Македонија планира годинава да го забрани увозот на возила под ЕУРО 5 стандард. Министерот за економија, Крешник Бектеши најави промени во правилата за увоз на поволни автомобили и зголемување на стандардот, што се очекува да помогне да се намали загадувањето и да се поднови возниот парк во земјата. Во план се две мерки – со едната би требало да им се даде директна финансиска помош на оние кои би ги замениле возилата кои ги имаат, а кои се под еуростандард 4, со возила со еуростандард 5 или 6. Втора мерка е субвенционирање на купување на хибридни возила. За двете мерки е потребно да се обезбедат средства.

Нови правила

Во моментов не е можен увоз на возила со еколошки стандард понизок од еуростандард 4. Тие возила не можат да се регистрираат и да се возат по патиштата низ С.Македонија, а наскоро би можела да стапи на сила и забрана за возилата под стандардот ЕУРО 5.
„Оваа година би требало да се зголеми стандардот за увоз на возила во нашата држава. А, во однос на мерки ние веќе спроведуваме неколку мерки за вградување на плински уреди во возилата“, најави министерот за економија, Крешник Бектеши на конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“.

Во однос на другите мерки што се планираат во однос на еколошката компонента на транспортниот сектор, Бектеши ги спомена субвенцииите за домаќинствата за вградување плински уред, или уред на метан, како еколошки горива – мерка што ќе се спроведе годинава.

Опаѓа увозот на половни возила

Податоците од царина покажуваат дека лани бројот на увезени половни автомобили значително се намалил споредено со претходните години. Во 2020 биле увезени близу 23.900 половни автомобили, додека 2019 бројката изнесувала близу 38.600. https://www.dw.com/mk/%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D0%BB%D0%B0-

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close