fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Никој не може да ги спречи поверениците да излезат на вагите, тоа е нивна проценка вели Стомнароски

Сојузот не може да ги стопира поверениците, ниту пак насила да ги натера да одат на откупните пунктови

Откупот на тутунот според законот треба да се реализира во периодот од 15 декември до 28 февруари, наредната година. Вчера откупните компании не дадоа зелено светло за покачување на откупната цена на тутунот а од Сојузот на земјоделски здруженија кажаа дека „никој не може да го стопира откупот на тутунот, а Сојузот не може да ги стопира поверениците, ниту пак насила да ги натера да одат на откупните пунктови. 

Нема законска можност да ги спречиме да откупуваат, но ќе бараме и ќе ги користиме сите алтернативни можности. Пред 15 ноември, пред да течат роковите за откуп, рековме дека нема да пуштиме повереници на вагите, но не може да ги спречиме и оставено е на нивна лична проценка, рече Менде Стомнароски, претседател на Сојузот, вчера за медиумите.

Според Закон за тутун член 37 правата на тутунарите ги застапуваат претставниците на највисоката асоцијација на тутунопроизводителите, во случајот Сојузот на земјоделски здуженија.

Во Член 37 меѓудругото стои

Претставникот на највисоката асоцијација на тутунопроизводителите при
откупот на тутунот од ставот 3 на овој член има право на надоместок.
Надоместокот од ставот 5 на овој член за организирање и застапување, на
претставникот на највисоката асоцијација на тутунопроизводителите при откупот
на тутунот е на товар на производителот, го засметува откупувачот при исплатата
на откупениот тутун и го уплатува на сметката на највисоката асоцијација на
тутунопроизводители.
Висината на надоместокот од ставот 6 на овој член, врз основа на план и
програма на највисоката асоцијација на тутунопроизводители, а во зависност од
фактичките реални трошоци за организирање и застапување, ја определува
највисоката асоцијација на тутунопроизводители пред почетокот на откупот на
тутунот, по претходна согласност од Министерството за земјоделство, шумарство
и водостопанство.
Највисоката асоцијација на тутунопроизводители пред почетокот на откупот на
тутун ги известува откупувачите на тутун за висината на надоместокот од ставот 5
на овој член.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close