fbpx
Вести

Стопанската комора на Македонија на конгрес во Полска  

„Наука – бизнис – сопствено управување сите заедно за економијата“, е темата на Шестиот европски конгрес за мали и средни претпријатија, што се одржува во Катовице, Полска, под мотото „Три дена за инспирација и иновации“, а на кој учествува делегација на Стопанската комора на Македонија.

stopanskata komora na makedonija na kongres vo polska

 

Најзначајни теми на конгресот се иновации, финансирање разните видови истражувачки студии, инвестирање и одржливост на бизнисите, како и новите технологии за поддршка на микро, малите и средните претпријатија се позначајните прашања за кои се дискутира на Конгресот. Претседателот на Комората, Бранко Азески, истакнал дека улогата на малите и средните претпријатија во македонската економија е се’ поголема и позначајна и затоа повеќето од активностите во овој период на Комората се сконцентрирани на нив.

На средбата со претседателот на Полската стопанска комора, Андреј Арендарски, една од основните теми била можноста за унапредување на соработката меѓу македонските и полските компании во наредниот период.

„Преку формираниот Македонско-полски бизнис-клуб сакаме да дадеме поттик да се унапреди соработката меѓу македонските и полските компании, со цел да се помогне во ориентирање на македонските стопанственици и кон други европски пазари, покрај германскиот, што ќе резултира и зголемување на трговската размена меѓу Македонија и Полска“, рече Азески.

Претседателот на Полската стопанска комора, Андреј Арендарски, изрази подготвеност и волја за соработка, при што како позначајна клучна активност за наредниот период се утврди можноста за организација на бизнис-средби во Скопје, меѓу стопанственици од Македонија, Србија, Полска и Бугарија, што ќе се реализираат во првиот квартал од 2017 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close