Странски инвеститор за организиран откуп на јаболка

По примерот во преспанскиот регион и во тетовско, можно е владините институции да најдат  странски инвеститор со што и тука би имало организиран откуп на јаболките. Брвеница и околните села важат за места каде има голем број производители на јаболка.

7-trikovi-so-jabolki-01

 

-Капацитети за откуп на јаболката има особено во регионот на Преспа каде оваа култура најмногу се одгледува  и има најголем број на производители. Токму таму фирмата Епл ленд од Дубаи инвестираше околу 6 милиони евра за изградба на ладилник за откуп, сортирање, калибрирање и извоз на јаболката надвор од Македонија. На можните странски инвеститори ќе им предложиме во следниот период и ќе ги претставиме можностите и на регионот на Брвеница и пошироко за производството на јаболка со цел и тука да добиеме ваква инвестиција што ќе придонесе во организираниот откуп на јаболката, изјави Ванчо Костадиновски, заменик министер за земјоделство.

624-300-chaj-iabylki-kanela-stomah-bybreci-napitka-vaniliia

Производителите на јаболка во тетовско досега претежно целиот род јаболки индивидуално го продаваат, пред се на мало и на зелените пазари.

-Цените пристапни за секој џеб. Има поскапи, поефтини. Има за 10 денари за сок, за печење. Има јаболка, само продажбата е слаба во однос на други артикли, а јаболкото е најквалитетно, вели Зорка Глишиќ, производител на јаболка од тетовско.

Во тетовско најзастапени се јаболката од  родот ајдарет, златен делишес и грини смит.