fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

На новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време

Следува период на стабилно и суво време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, по одделни котлини со појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.Во Скопје, малку до умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 11 степени.

Најниска темепратура утрово во земјава е измерена на Попова Шапка од -3 степени Целзиусови.

Како што соопшти УХМР, следат Маврови Анови, Тетово, Штип, Струмица со -2 степена,  -1 Крушево, нула степени во Претор, Битола, Виница, Прилеп, Дебар, Скопје – Петровец, 1 Крива Паланка,  Лазарополе, Охрид, Демир Капија, Скопје – Зајчев Рид, 3 Куманово, 6 Дојран, 8 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа, до 7 часот утрово од еден литар на метар квадратен е изменерен само во Маврови Анови.

 

Следува период на стабилно и суво време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

За време на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, а поради послабо изразено воздушно струење по одделни котлини ќе има појава на магла. Услови за појава на утринска магла ќе има и во почетокот на следната седмица

 

 

 

 

 

.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close