
Вести
Почна исплатата на тутунот – просечната цена е 178 денари
Почна исплатата на тутунот. Откупувачите се придржуваат на договореното да исплаќаат во рок од 7 дена од преземањето на родот, информираат од Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.
Сите 9 откупни претпријатија ги отворија вкупно 152 пунктови за откуп, а до сега просечната цена е 178 денари за килограм, но во Сојузот сметаат дека треба да биде повисока со оглед на повисокиот квалитет на реколтата која достигна 23 илјади тони.
Инспекторатот е на терен и ќе го проверува сите спорни количества тутун за кои тутунарите не се задоволни со нивната проценка.