fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Струјата нè здрма, стигнаа астрономските сметки за јануари

Многу граѓани деновиве реагираа на енормно покачените цени за струја и покрај тоа што знаеја дека од 1 јануари струјата е покачена за 9,5 проценти. Велат дека сметките за јануари им се повисоки во просек за 20 отсто, односно оние кои плаќале 5.000 денари за струја сметката им е повисока за 1.000 денари, а оние кои плаќале 10.000 денари добиле повисоки сметки за околу 2.000 денари.

Граѓаните почнаа да ги добиваат јануарските сметки кои теоретски се повисоки за 9,5 отсто, а практично многу повеќе бидејќи од почетокот на годината е укината и евтината дневна тарифа. Велат дека сметките за јануари им се повисоки во просек за 20 отсто, односно оние кои плаќале 5.000 денари за струја сметката им е повисока за 1.000 денари, а оние кои плаќале 10.000 денари добиле повисоки сметки за околу 2.000 денари. Но има и такви кои во јануари добиле неколкукратно повисоки сметки од тие во декември. Според нив причината е што броилата не биле читани подолго време и покрај тоа што треба да се читаат секој месец.

-Сметката за струја за јануари во однос на декември 2021 година ми е повисока за околу 2.000 денари, бидејќи се греам на струја а јануари беше поладен месец и трошевме повеќе на греење. Меѓутоа, кога ќе ја споредам со јануари 2021 кога сум трошел исто толку струја сметката ми е повисока за 1.200 денари. Секако и укинувањето на евтината струја влијае да ни се поголеми сметките, бидејќи од 14 до 16 часот обично вклучувавме бојлер, машина за перење, правевме ручек…., вели Александар од Скопје.

Дел од граѓаните на кои сметките за струја им се многу повисоки од актуелната состојба на броилата велат дека ќе реагираат во ЕВН за добиената сметка.

-Ми стигна сметка за струја од 12 илјади денари, а претходно плаќав шест илјади денари. И покрај тоа што се греам на струја и очекував дека сметката ќе ми биде повисока, но не за 100 отсто. Реагирав во ЕВН за добиената сметка и ја пратив актуелната состојба и еве уште чекам да добија нова коригирана сметка. Може да се случи за некој киловат разлика, ама да добијам сметка која е дупло повисока е премногу. Очигледно дека никој нема поминато да ги прочита броилата, вели еден граѓанин, револтиран од високата сметка за струја.

Многу граѓани деновиве реагираа на енормно покачените цени за струја и покрај тоа што знаеја дека од 1 јануари струјата е покачена за 9,5 проценти. Ова е грабеж на народот, сметките за струја ни се високи како да имаме европски стандард, со кои плати и пензии да ги платиме високите сметки за струја, трошоците за храна и останатите комуналии…. се дел од коментарите на граѓаните на социјалните мрежи.

И актерката Весна Бејби Петрушевска остана во шок откако ѝ стигнале последните сметки за струја.

-Слушам се жалите поради сметките за струја. Да ви кажам, мене едната ми е 14.000 денари, другата 18.000 денари. Знаете кога ќе им ги вадам јас сметките друг пат од вода? Кога јас ќе се фрлам во Вардар, па нека ме вадат ЕВН од таму. Стварно се ненормални. Човек не знае што да прави кога ќе ги види тие сметки. На крај мора да платиш. Рекетари едни, пишува Петрушевска на Фејсбук.

Некои од граѓаните откако им стигнале високите сметки за струја почнале да штедат. Велат дека сега не вклучуваат бојлер преку недела, перат само во недела, помалку готват, го гасат греењето кога е малку потопло, ги исклучуваат апаратите за домаќинство…

ЕВН шест мeсеци нема да ги плаќа сметките кон државната ЕСМ откако се пожали дека има проблем со плаќањето на декемвриската и јануарската сметка за струја. Претходно ЕВН се пожали дека се наоѓаат на граница на ликвидност и дека трошоците им се поголеми од приходите кои ги остваруваат. Или, како што велат од компанијата, доведени се во ситуација да ги субвенционираат корисниците и со тоа креираат големи загуби.

Ова уште повеќе ги налути граѓаните кои побараа и нив Владата да им ги плати сметките за струја или да им дозволи одложено плаќање.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close