Струмичките тутунски здруженија очекувале просечната цена да биде над 200 денари за килограм тутун
Тутунарите од Градашорци кои лани протестираа поради незадоволството од откупот, годинава велат дека има мало придвижување во цената, но сепак, далеку се од задоволни.
Откупот на тутунот во струмичко тече, но, не според очекувањата на производителите. Струмичките тутунски здруженија велат дека очекувале просечната цена да биде над 200 денари за килограм тутун, а во моментов таа е околу 190 ден. Според здружението „Јака“ не се памети ваков молк на откупните пунктови.
Откупните пунктови имаат раздвиженост наутро, но штом мине пладне е празно и се затвораат. Тутунарите од Градашорци кои лани протестираа поради незадоволството од откупот, годинава велат дека има мало придвижување во цената, но сепак, далеку се од задоволни.
Проблемите во тутунопроизводството за триесет посто ги намалија бројот на производители. Здруженијата оперираат со бројка од околу 5 илјади семејства во регионот коишто се откажале од оваа култура.
Оваа сезона струмичко од струмичко се очекува да се продаде околу 2.000 тони.https://telma.com.mk/