Агро бизнисВестиТоп вести
Студено утро-Преку денот променливо облачно со сончеви периоди
Во Крушево утрово 3 степени, Битола и Прилеп 7, Тетово и Куманово 8, Скопје 10 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во среда и четврток во утринските часови има услови за појава на магла. Под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.





