вестиМакедонијаТоп вести

Потребна е сериозна анализа која ќе ги даде идните правци и мерки за поддршка на земјоделскиот сектор

Најпогоден од здравствената криза ќе биде секторот лозари винарство заради намалениот обем на извоз и уште од сега треба да се бараат мерки како да се ублажат проблемите со откупот на грозјето кој претстои.

Животот и економските текови воопшто не се повеќе исти по февруари. Со започнувањето на пандемијата сите економски под сектори беа силно погодени а воопшто не беше поштедено ниту земјоделството. За да се ублажат одредени проблеми и да се пресретнат што поскоро со мерки кои ќе помогнат во тоа агроекономистите предлагаат изработка на сериозна анализа и студија која ќе одреди каде ни се приоритетите и каде и како да се делува за да се спречат поголеми катастрофи.

-Она што можевме да го видиме до овој момент од оние изминати 2-3 месеца претходно е дека одредени потсектори во самото земјоделство беа повеќе погодени од пандемијата. Пред се најпогодени беа извозно ориентираните  како што беше случајот со градинарите кои имаа проблеми со извозот на зелката, а допрва настапува периодот на бербите на доматите и таму допрва ќе се види како ќе поминат со извозот и со цените кога ќе почнат посериозните берби. Ќе следува овоштарството кога ќе почнат бербите на сливите а наесен и со пласманот на јаболката каде клучна улога ќе имаат отежнатите транспортни коридори кои знаеме како функционираат. Проблемите поврзани со транспортните коридори беа можеби најизразени при извозот на јагнето за традиционалните пазари Италија, Хрватска, Грција каде не можеше да се испорачаат произведените количини заради пендемијата и блокираниот транспорт рече Проф. д-р Драги Димитриевски агроекономист од факултетот за земјдоелски науки и храна од Скопје.

Покрај секторите кои веќе на некој начин прво го претрпеа ударот од отежнатиот пристап до пазарите, исто така погодени може да бидат и оние производи кои се со повисока додадена вредност и на некој начин луксузни производи како што е случајот во винарството кое ќе го повлече и лозарството како примарно производство. Според агроекономистите проблемот со намалената потрошувачка во угостителството и туризмот преку винарството директно се очекува да ги погоди лозарите при претстојниот откуп на грозјето. Големите вински европски земји како Франција со време по направените анализи и студии, нешто што недостасува кај нас преземаа мерки понеквалитетните класи на вино да се преработат во алкохолни дестилати за да се ослободат капацитетите за претстојната реколта. За жал кај нас такви конкретни мерки кои до сега требаш да полнат да се реализираат изостануваат и можни се проблеми со капацитетите при откупот што директно може да влијае и на онака ниските откупни цени на грозјето.

-Проблемот со корона вирусот нема бргу да се надмине и никој не знае колку долго тоа ќе се провлекува заради што е потребна оваа сериозна студија која ќе ги даде правците на делување во иднина за предвреме да ги пресретнеме проблемите со мерки кои ќе ги ублажат последиците. Исто така третиот сегмент на кој што треба да се фокусираме се инпутите. Голем дел од сите влезни трошоци и репроматеријали за потребите на земјоделството доаѓаат од увоз а заради кризата може да дојде до одреден недостиг и зголемување на цените. Семе и саден материја, заштитни средства, ѓубрива, добиток за репродукција и слично се само дел од работите кои се потребни во земјоделството а кои се главно од увоз. Единствено добро е што за разлика од европските земји ние немаме толку изразен проблем со работната сила која сега помалку може да заминува од земјава во време на сезонските работи додаде Димитриевски.

Агроекономистите порачуваат дека треба час поскоро државата да направи студија за начинот на кој ќе се делува во иднина за да се превенираат состојбите кои ги предизвика, ги предизвикува и ќе ги предизвикува пандемијата. Треба да се земат во предвид и препораките на ФАО во однос на малите производители и пазарите. Потребно е да се преземат мерки со кои земјоделците не би тргнале сите на пазар и да се создаваат гужви туку да им се обезбедат откупни центри во близина на регионите каде се поголемите производства.

З.Б.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close