Вести
Субвенции за набавка на добиток
Огласот е за набавени, јуници, овци, кози, свињи и пчелни матици во периодот од 1 октомври до 31 декември 2015 година, а висината на подршката е до 6,5 милиони денари по корисник.
Парите се добиваат со ко-финансирање од 50 до 75 проценти од одобрените трошоци во зависност од категоријата и од местото каде што се наоѓа фармата.
Еден сточар може да достави најмногу две барања, кои се избираат со бодување.
Набавката на пчелни матици се субвенционира до 600.000 денари.
Аплицирањето е исклучиво електронски и ќе се врши до крајот на февруари.
Доколку фармерот не е воможност сам да аплицира може да побара помош во најблиската подрачна единица на Министерството за земјоделство.