Вести
Субвенции за пчеларство
До 10-ти март пчеларите ќе можат електронски да аплицираат за финансирање на набавка на пчелни матици и опрема.
Висината на финансиската поддршка изнесува најмногу 800 илјади за опрема и 600 илјади денари за матици.
Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност од возраста на земјоделецот и другите услови.
Еден барател може да поднесе едно барање или две за мерките кои се ко-финансираат од Програмата за рурален развој.
Аплицирањето е исклучиво по електронски пат, а пчеларите може да побараат помош во подрачните единици на министерството или советодавната агенција.