fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Субвенциите за зачувано женско јагне во 2020 година уште не се исплатени!

Лани овчарите зачуваа рекордни 190.000 приплодни јагниња, беше прифатено субвенциите за подмерката за зачувано женско јагне да се зголемат на 1.500 денари

Во исто време од Сојузот потсетуваат и за неоствареното ветување на сточарите да им се исплатат дополнителни субвенции за оставено женско јагне.

-Лани од страна на тогашниот министер господинот Трајан Димковски и неговиот кабинет, како солуција беше прифатено субвенциите за подмерката за зачувано женско јагне во 2020 година, да се зголемат на 1.500 денари, со што би се амортизирала понудата во тековниот шпиц. Начинот на исплата се договаравме да биде во август 2020 година, мерката продуцираше одреден резултат што во земјава беа зачувани рекордни 190.000 приплодни јагниња, додека останатите се успеа да се извезат.

Споменатите покачени субвенции за приплодни грла, заедно со останатите мерки од 2020 година, се уште не ни се исплатени. Сточарите за да ги одгледаат зголемените стада, во вака исклучително тешка година, со зголемени цени на сточна храна и продолжени зимски услови- се задолжени до последен за да се справат со ситуацијата, велат од Сојузот на одгледувачи на овци.

Можно е да е слика од природа

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close