fbpx
ВестиМакедонија

Суспендирано тргувањето со акциите на ЗК Пелагонија: По објавата на Фактор реагираше Македонска берза и регулаторот КХВ

Фактор дознава дека е донесена одлука за суспензија на тргувањето со акциите на ова друштво - а Македонска берза претходно до ЗК Пелагонија испратила известување со констатација дека цената на акцијата во текот на месецов пораснала за 60 отсто.

Македонска берза и Комисијата за хартии од вредност реагираа по објавата на Фактор дека вештачки се крева цената на акцијата на ЗК Пелагонија. Фактор дознава дека е донесена одлука за суспензија на тргувањето со акциите на ова друштво – а Македонска берза претходно до ЗК Пелагонија испратила известување со констатација дека цената на акцијата во текот на месецов пораснала за 60 отсто. Информацијата и сите сознанија што ги има комбинатот се бара да бидат објавени како ценовно чувствителна информација до системот на Македонска берза.

Слична реакција имаше и регулаторот на пазарот, Комисијата за хартии од вредност. Оттаму ја цитираат информацијата на Фактор.

„Во текстот се наведува информација дека инвестициски фондови се заинтересирани за откуп на друштвото и се наведува проценета вредност на компаниајта од околу 50 милиони евра. Имајќи го предвид фактот дека акционерското друштво е котирано на берзанскиот сегмент – Берзанска котација, потребно е веднаш по приемот на овој допис согласно член 32 од Правилата на котација да се произнесете односно на СЕИ-НЕТ линкот да објавите ценовно чувствителна информација околу наводите на порталот Фактор, односно да обелодените дали постојат преговори за продажба на друштвото, пишува КХВ во обраќањето до ЗК Пелагонија. 

Фактор вчера бјави дека се случува обид за манипулација на помалите акционери во ЗК Пелагонија и вештачки се крева цената на акцијата на комбинатот.

Имено, според нашите информации, во истиов период има интерес од сериозни глобални инвестициски фондови во земјоделскиот сектор кои веќе имаат огромни инвестиции во земјоделството во регионов, а кои пројавувале интерес за откуп и на ЗК Пелагонија. Проценетата цена е од околу 50 милиони евра, а во понудата влегува Агрокомбинатот, Електраните од 6 мw и Здравје Радово. Во случај на реализација на такво сценарио, акцијата на ЗК Пелагонија би вредела 15.000 денари.

Знаејки ги тие инсајдерски информации во моментов практично се манипулираат помалите акционери и се тргува со нивните акции кои им се откупуваат по цена од 3.900 до 4.500 денари.https://faktor.mk/suspendirano-trguvanjetoso-akciite-na-zk-pelagonija-po-objavat-na-faktor-reagirashe-i-makedonska-berza-i-regulatorot-khv

Слични написи

Back to top button
Close