fbpx
ВестиТоп вести

Сузбивање на крвавата вошка без хемиски средства, со помош на лук

Крвавата вошка ги напаѓа само јаболката, а се препознава според белата покривка која потсетува на памук. Може да се сузбие и со нехемиски средства.

Поради топлите зими и раниот почеток на вегетацијата, заштитата на овоштарникот од болести и штетници, треба да се помести 15 до 30 дена, во однос на третманите пред климатските промени. Кога станува збор за штетниците на јаболката, потребно е уште во втората половина на февруари да се изврши заштита и од крвавата вошка, која може да предизвика голема штета на насадите.

Симптоми на напад

Многу е лесно да се препознаат. Во близина на коренот, односно местото на поврзување се појавуваат бели влакнести креации кои личат на памук. Се појавуваат и на гранките и околу петелките на листовите, на младиците и претставуваат бариера во примената на инсектицидите.

Хемиски мерки

Заштитата со инсектициди не е лесна. Најмногу се користи активната материја хлорпирифос со додаток на парафинско масло, но проблем е што се уништуваат и корисните инсекти, односно предаторите на крвавата вошка. Пред почетокот на вегетацијата се користи и бакар. Штетникот поднесува ниски температури, дури до -26 степени. Ако тревата околу овошките се коси со тример, при оштетувањето на кората од тримерот, во раните, често доаѓа до населување на штетниците, а може да се населат и останатите паразити, како што се поткорењак, стаклокрилци и габи од родот Gleosporium sp.

Крвавата вошка е слична на растителните вошки по бројот на генерации, од 10 до 16 годишно. Во пролет доаѓа до напад на младите единки кои ги пијат соковите од младарите, така што може да дојде до сушење на стеблото. Во лето, женките создаваат колонии од млади ларви, кои преку цицањето на соковите, може да предизвикаат пукање на кората на гранките, стеблото и околу местата каде се поврзуваат калемот и подлогата. На истите места, штетникот и презимува.

Останати мерки на борба

Користете слабо бујни подлоги М9 и М27, а ММ 106 избегнувајте, доколку сакате лесно да го контролирате штетникот. Најважно е да се прави и летна резидба, како би можеле ефикасно да примените средства за прскање.

Треба да избегнувате претерана употреба на азотни ѓубрива.

Биолошка заштита

Со оглед на тоа што крвавата вошка не поднесува сулфур, освен течен сулфур може да употребите и бел лук. Еден килограм ченови од белиот лук кои се пресечени на половина и потопени во 30 литри врела вода, доволни се за ефикасна борба против крвавата вошка. Три литри вода се доволни за прскалка од 10 литри.

Првото третирање направете го во втората половина на февруари и повторете уште еднаш до почетокот на вегетацијата и уште еднаш, веднаш после цветањето на јаболкницата. Со белиот лук можете да се спасите и од ериофидни грини, што значи дека не морате да купувате скапи акарициди.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close