fbpx
Вести

СвагБот – робот кој ќе им помага на фармерите

Професорот по роботика на Универзитетот во Сиднеј, Салах Сукариех е раководител во проектот „СвагБот“, чија задача е да развие робот кој ќе се користи на фармите.

svagbot robot koj kje im pomaga na farmerite

 

Роботот СвагБот може да се движи по секакви терени, а тестиран е на фарма во Австралија. Се покажал исклучително корисен на фарма за чување на стока, а во иднина може да се користи и за берби, чување на животни и друго.

Целта е СвагБот да биде евтин и моќен робот, кој може да функционира на голем простор и да се движи по различни терени. Во следните две години научниците ќе се обидат да направат робот кој ќе биде по автономен, така што ќе може да им пружи голема помош на фармерите.

Роботот се полни со батерија, а има погон на сите четири тркала. Неговата максимална брзина е од 15 до 20 километри на час.

Во тек на изведување на тестот стоката била исплашена од СвагБот.

– Стоката се исплаши и почна да бега, но ние тоа го очекувавме. Токму тоа ќе го искористиме за контрола и следење на стоката од далечина, изјави Сукариех.

Трошоците за производство на роботот не се уште објавени, а на пазарот може да чини околу 22.800 долари.

Во Австралија се развиваат и роботите Лејдибрд Џеј3Клуб. Лејдибрд служи за отстранување на плевел и жнеење, а Џеј3Клуб е дрон за откривање на плевел.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close