вестиМакедонијаТоп вести

Реновирана метеоролошката станица во Лазарополе

Освен станицата во Лазарополе реновирани се, метеоролошките станици во Крива Паланка, Штип, Демир Капија, Берово, Виница, Претор, Охрид и Пожаране

Управата за хидрометеоролошки работи во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за рурален развој во изминатите две и пол години реализираше повеќе активности за кои беа одвоени 11 милиони денари. Од вкупно 18 метеоролошки станици, во овие две и пол години се реновирани 9 станици. Освен станицата во Лазарополе реновирани се, метеоролошките станици во Крива Паланка, Штип, Демир Капија, Берово, Виница, Претор, Охрид и Пожаране.

Воедно се поправи и се надгради радарскиот систем Ѓуриште, кој е наменет за создавање на радарски систем за рана прогноза и предупредување од опасни временски појави, и е од исклучително значење за детектирање и следење на облачните маси кои предизвикуваат големи временски непогоди и рано откривање на конвективна облачност.

За оваа година се обезбедени 60 милиони денари за дејствување на градоносни облаци со авионско засејување. Тендерот е завршен, се избра најповолен економски понудувач и од 15-ти април се очекува започнување на активностите, информираат од МЗШВ.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close