fbpx
ВестиТоп вести

Свечено отворен саемот АГРА 2018 во Словенија

Денеска  во Горна Радгона  Р. Словенија на свечен начин беше отворен еден од најголемите Меѓународни саеми за земјоделство и храна во регионот АГРА 2018. Р Македонија ја има честа да биде земја партнер на овој саем. Со свои поздравни говори саемот го отворија Министерот за земјоделоство на Р Македонија Љупчо Николовски и претседателот на собранието на Р Словенија  Дејан Жидан.

Николовски посочи дека министерството во иднина ќе  помага  во промоција на македонските производи на меѓународни саеми.

Оваа година  во фокусот на саемот се младите земјоделци и нивното вклучување во агро- бизнисот.

Земјоделството бара сериозен труд и работа и затоа има негативна репутација особено кај младите луѓе. Токму затоа, Владата на Република Македонија сериозно презема мерки во областа на земјоделството за да создаде можности за нови земјоделски бизниси и задржување на младите луѓе во руралните средини.

Како земја партнер на саемот Р. Македонија ја претставуваат 27 компании кои ги промовираат своите производи, производители на органска храна, преработувачи на овошје и зеленчук, винарии како и туристички работници кои го промовираат туризмот во Македонија.

Во рамки на саемот,  се одржа  Меѓународна министерска конференција на тема  “ Руралните подрачја и земјоделството како можност за млади луѓе”. На конференцијата во своето обраќање, министерот Николовски ја потенцираше важноста од вклучувањето на младите фармери во агробизнисот како идна сила во земјоделството.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close