Вести
Светот има резерви на пченица за четири месеци
Нивото на светските залихи на пченица покрива четиримесечна глобална потрошувачка на оваа житарица.
Според податоците на американското Министерство за земјоделство резервите на жито во светот во моментов изнесуваат околу 252,26 милиони тони.
Како што наведуваат стручњаците од Министерството за земјоделство на САД, нивото на светските залихи на пченица и понатаму е на исклучително високо ниво, а вообичаено складираните резерви се доволни да ја покријат светската потрошувачка во период од 2,5 до 3 месеци.