fbpx
ВестиВино

Светски конгрес на винските витешки здруженија 2018

vino

Здружението на Европското винско витештво – Конзулат за Македонија, е организатор на јубилејниот 50-тиот Меѓународен конгрес на светските вински здруженија (FICB). Одржувањето на Светскиот вински конгрес во Република Македонија претставува голема чест и признание на квалитетот на македонските вина и активноста на Македонскиот вински витешки ред, имајќи предвид дека Светските конгреси се одржуваат на секои две години, а претходните два Конгреса се одржаа во Франција во областа Шампањ (2014) и во САД, Калифорнија во Сонома и Напа долината (2016).

Конгресот ќе се одржува во Скопје и Тиквешкиот вински регион од 31 мај до 03 јуни 2018 година, со продолжение во Охрид од 4ти до 6ти јуни. На конгресот ќе присуствуваат повеќе од 100 учесници од целиот свет, Јапонија, Романија, Австрија, Србија, Словенија, Италија, Франција, Финска, Холандија, Велика Британија и повеќе здруженија од Соединетите Американски Држави.

Градовите Скопје и Охрид, како градови домаќини и Тиквешкиот и Скопски вински регион во целост со своите винарии, ќе се претстават на Конгресот преку презентација на своите вина и ено-култура пред бројните реномирани гости, меѓу кои и повеќе меѓународни експерти од областа на енологијата, винската култура и туризмот.

Светскиот вински Конгрес ќе биде извонредна можност, покрај нашите вина да се претстават и македонската гастрономија, природните убавини, културното наследство и туристичките капацитети и потенцијали на земјата. Во согласност на концептот на Светскиот вински Конгрес, посебен акцент е ставен на винските региони во Македонија, капацитетот на винариите, квалитетот и асортиманот на македонските вина, како и распространетоста и традицијата на нашите винарии и типичните македонски лозја и видови грозје.

По свеченото отворање на Светскиот вински конгрес на 31 мај, наредниот ден во петок на 1-ви јуни со почеток во 09.00 часот ќе се одржи свечената академија во просториите на Македонската филхармонија, по што ќе следи свечено дефиле на сите учесници кои ќе се претстават со своите одори и обележја, со почеток во 10.30 часот. Свечената дефиле ќе започне пред платото на Македонската филхармонија и ќе се движи во правец на црквата Св. Богородица во придружба на Градскиот оркестар. Ова ќе биде уникатна прилика граѓаните на Скопје да ја проследат оваа манифестација и да се запознаат со разновидноста и културните елементи на Винските здруженија и редови одблиску.


 

сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close