fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

СВР Тетово: Земјоделската механизација да биде технички исправна и соодветно осветлена навечер за да се избегнуваат сообраќајки

Овој апел се упатува затоа што на  поширокото полошко подрачје, деновиве започнаа интензивни подготвителни земјоделски активности, проследени со зголемена раздвиженост по патиштата кои водат до нивите на полошките земјоделци. 

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до земјоделците тракторите и земјоделската механизација да им бидат технички исправни, при возење навечер соодветно осветлени со цел да не ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, како што се случувало во изминатите години. 

Овој апел се упатува затоа што на  поширокото полошко подрачје, деновиве започнаа интензивни подготвителни земјоделски активности, проследени со зголемена раздвиженост по патиштата кои водат до нивите на полошките земјоделци. 

-Имајќи ги предвид овие состојби, Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира земјоделската механизација најмногу тракторите да се користат исклучиво за својата намена, а не и за превезување на лица, да бидат технички исправни и навреме регистрирани. Ваквиот вид механизација задолжително да ја управуваат лица со положен возачки испит, а не и малолетници. Во вечерните часови, односно тракторите да бидат соодветно осветлени за да можат да се забележат од другите учесници во сообраќајот, вели портпаролот Марјан Јосифоски. 

Доколку не се почитуваат овие препораки, сопствениците на земјоделска механизација ќе се соочат со законски предвидените поднесоци, со напомена дека глобата за нерегистриран трактор, на пример, се движи од 100 до 500 евра во денарска противвредност.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close