fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

СЗО повикува да прекине субвенционирањето на тутунот, Македонија меѓу посочените земји

Македонија, е меѓу 20-те најважни извозници на тутун во светот. Одгледувањето тутун добива субвенции до 2.507 долари по хектар, додека пченицата се поддржува со максимум 269 долари, нагласува СЗО.

Светската здравствена организација (СЗО) повика да прекине субвенционирањето на тутунот во многу земји, укажувајќи на штетното влијание на оваа култура врз здравјето на луѓето. СЗО во извештајот ги посочи европските земји кои одгледуваат тутун, вклучително и  Македонија, која, како што се наведува, е меѓу 20-те најважни извозници на тутун во светот. Таму одгледувањето тутун добива субвенции до 2.507 долари по хектар, додека пченицата се поддржува со максимум 269 долари, нагласува СЗО.

-Тутунот е одговорен за осум милиони смртни случаи годишно, но владите ширум светот трошат милиони за поддршка на фармите за тутун, рече шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус пред Светскиот ден без тутун, кој се одбележува на 31 мај.

Со изборот да одгледуваме храна наместо тутун, истакна Гебрејесус, даваме приоритет на здравјето, ги зачувуваме екосистемите и ја зајакнуваме безбедноста на храната за сите.

Во Швајцарија, тутунарите добиле повеќе од 32 милиона долари субвенции меѓу 2015 и 2020 година, се вели во извештајот.

Во САД и Аргентина, по неколку стотици милиони долари од парите на даночните обврзници се слеале во одгледувањето тутун во овој период, се вели во извештајот.

Севкупно, тутунот го има на 3,2 милиона хектари во 124 земји во светот, при што многу земјоделски работници се разболеле од екстремно високата изложеност на никотин.

Корпорациите авансираат пари за да ги покријат високите трошоци за семиња, ѓубрива и хербициди, но тие потоа ги плаќаат земјоделците на крајот на сезоната, создавајќи циклус на долгови и зависност.https://www.sinpeks-shop.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close