fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Земјоделците со ребалансот добија нови 50 милиони евра за субвенции

Видео-Од Платежната агенција најавуваат дека контролите на терен и обработката на барањата се завршени и дека во следниот период ќе има бран на посериозна исплата на субвенциите што е особено важно за подготовките за есенската сеидба кои набргу почнуваат.

По ова владата на последната седница ги усвои измените на програмата за исплата на субвенциите со која се предвидува 42 милиони евра да одат како надополна на средствата за директни плаќања и за оваа година за субвенциите сумата ќе достигне нешто помалку од 100 милиони евра, пренесува Канла 5 .

Покрај ова предвидено е зголемување и на сумата во интервентниот фонд за која сума допрва ќе се носат одлуки за што ќе се распределува. Со новите пари вбризгани во земјоделството намерата на власта е да се расчистат сите долгови за субвенциите од 2021 година особено за сточарите бидејќи од досегашните исплати доминираа мерките од растителното производство.

Од Платежната агенција најавуваат дека контролите на терен и обработката на барањата се завршени и дека во следниот период ќе има бран на посериозна исплата на субвенциите што е особено важно за подготовките за есенската сеидба кои набргу почнуваат.

Во периодот што следи платежната агенција најавува исплата на сточарските субвенции и оние за млеко, исплата на градинарските и овошни култури во преработувачките капацитети, за дополнителните мерки за региони со ограничени услови за органското производство и за регистрираните земјоделци. Она што е новина и што ќе стартува пробно од оваа година е авансна исплата субвенциите за овоштарите кои ќе добијат по околу 200 евра линеарно за одржување на насадите три месеци по поднесувањето на апликацијата а до исплатата останува за следната година за кога овој модел се најавува и за сите други производства.

Поради зголемен интерес за мерката за набавка на силоси, предвидената сума е зголемена со цел да се исплатат сите поднесени апликации а новина е и авансна исплата од 40% грантот за поддршка на младите земјоделеци кој за годинава изнесува 20.000 евра.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close