fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Сточарите  од дебарскиот крај се загрижени за откупот на јагнињата

Доведен во прашање откупот на јагниња заради последните случувања со короан вирусот во земјава. Дебар и Центар Жупа се во карантин заради заболени со овој вирус. Од МЗШВ велат дека ја следат состојбата.

 

Карантинската состојба  на  Дебар и Центар Жупа заради заболени лица  со корона вирус не е единствениот проблем за жителите од овој регион. Сточарите од Дебарско и Центар Жупа се загрижени за откупот на јагнињата.

-Во моментов има околу 20 000 јагниња што треба да бидат продадени. Проблем ни е храната за стоката. Она што треба да им го даваме на овците им го даваме на јагнињата. Не можеме да почнеме со преработка на млекото, вели за Зелена берза Скендер Аме од Здружение на сточари Даши од Дебар. Заради кризната состојба не може да се организира откупот на јагнињата. Во текот на вчерашниот ден упативме писмено барање до Кризниот штаб, државата да помогне околу превозот на јагнињата бидејќи сточарите ќе претрпат големи загуби, додава тој.

Како што информира Скендер Аме проблем имаат и сточарите кои имаат фарми со крави. Заради карантинската состојба не може да се врши откуп на млекото.

Од Министерството за земјоделство велат дека ја следат состојбата и со соодветни мерки ќеим помогнат на сточарите да ги покријат загубите. Како што пренесува Фактор Министерството ќе ги направи сите обиди доколку не може во Италија јагнињата да се извезат во други земји.

Транспортот на стока не е забранет и ќе се одвива под посебни безбедносни протоколи. Но, со оглед на тоа дека не можеме да предвидиме што ќе се случува со ширењето на вирусот корона, какви мерки ќе преземаат останатите држави, доколку се случи да не се реализира целосно извозот, МЗШВ со соодветни мерки ќе им помогне на сточарите да ги покријат загубите, коишто секако ќе бидат донесени заеднички и во комуникација со сточарите и откупувачите на јагне. МЗШВ апелира до сите земјоделци, да ја имаат во предвид моменталната состојба со ширењето на вирусот КОВИД 19 во нашата држава и последиците што би можело да ги има земјоделството“,велат од МЗШВ, а Фактор објавува.

Крајната цена по која се продаваа јагнињата пред воведувањето на карантинот во Дебарско и Центар Жупа била од 145 – 150ден/кг.

Италија беше земја каде најчесто се извезуваа македонските јагнињата. После неа Хрватска и Грција беа земјите каде се извезуваше. Заради затворањето на границите и безбедносните мерки што секоја од земјите си ги воведува  во моментов тешко е да се организира транспорт.

 

П.Ј.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close