fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

УБАВА ВЕСТ! Има субвенции за малите земјоделски стопанства

Исплатени се 26.8 милиони денари за над 1400 корисници.

Реализирана исплатата на субвенциите за малите земјоделски стопанства
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на директните плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања од претходните години.
Исплатени се 26.8 милиони денари за над 1400 корисници, објави Никица Бачовски.
Висината на директните плаќања се утврдува како просек од висината на одобрените финансиски средства за директни плаќања по програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2019, 2020 и 2021 година и тоа :
🟢За одобрен просек од 0 до 10.000 денари се исплаќаат 10.000 денари
🟢За одобрен просек од 10.000 до 20.000 денари се исплаќаат 20.000 денари
🟢За одобрен просек од 20.000 до 30.000 денари се исплаќаат 30.000 денари
🟢За одобрен просек од 30.000 денари до 40.000 денари се исплаќаат 40.000 денари
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close