fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа-Лозари, изразувам длабоко разбирање за вашата макотрпна работа

Сите тие што предале грозје со цени 8 денари за смедеревка односно 10 за вранец, ќе им се додаваат по два денари од самите винарски визби за достигнување на договорените цени.

Министерот за земјоделие Арјанит Хоџа се обрати до лозарите
Почитувани лозари,
Изразувам длабоко разбирање за вашата макотрпна работа и секако дека било која цена да се нуди за откуп на вашето грозје никогаш нема да биде праведна кога се споредува со трудот што го вложувате.
Овие денови заедно со премиерот Зоран Заев сме работеле интензивно за изнаоѓање на решение и во разговор со винарските визби успеавме да најдеме решение со тоа што се договоривме уште вечерва сите винарски визби да ги истакнат следните цени:
– Смедеревка 10 денари/кг
– Вранец 12 денари/кг
Сите тие што предале грозје со цени 8 денари за смедеревка односно 10 за вранец, ќе им се додаваат по два денари од самите винарски визби за достигнување на договорените цени.
Како и што ветивме дополнителните 2 денари за предадено грозје ќе важат и за ова реколта, со тоа што разгледуваме можност за дополнителна подршка која заедно со здруженијата на лозарите ќе треба да ги дискутираме на следниот состанок што ќе се одржи во петок во МЗШВ.
Голема благодарност до премиерот Зоран Заев за неговата подршка во сите овие тензични денови беше вклучен во целата дебата за изнаоѓање на најдобро можно решение на проблемите на лозарите.
Остануваме посветени како Влада да бидеме меѓу земјоделците и за сите проблеми да наоѓаме најдобри можни решенија.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close