fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Малишиќ: Цените на лебот мораа да се зголемат, имаме нови цени на гасот и струјата

Сите зборуваат за растот на цената на лебот, а не кажуваат со колкави трошоци се соочуваат компаниите

Kорекциите на цената на лебот што се вршат изминативе денови се резултат на новиот раст на цената на струјата и на гасот во август во однос на јули, објаснува за „Слободен печат“, Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

– Цената на гасот во август е 100 проценти поголема отколку во јули. Цената на струјата достигна и до 500 евра за мегават-час. Сите зборуваат за растот на цената на лебот, а не кажуваат со колкави трошоци се соочуваат компаниите, а тие пак, ги зголемија цените на лебот само за 10 проценти. Владата мора да преземи мерки за да ги заштити компаниите од ценовните шокови на гасот и на струјата. Со вакви цени, ако производителите не ги зголемуваат цените на своите производи треба да стават клуч на врата – вели Малишиќ.https://www.slobodenpecat.mk/malishikj-cenite-na-lebot-moraa-da-se-zgolemat-imame-novi-ceni-na-gasot-i-strujata/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close