fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Неготино најавува градежен „бум”, a над 66 проценти анкетирани граѓани би се иселиле!

Здружението за заштита на животната средина ,,Ековита” од Неготино, ги објави резултатите од анкетата која ја спровеле активистите, а биле анкетирани неготинци од различна возраст.

Општина Неготино најавува градежен „бум” со изработка на 17 проекти за реализација. Како што информира на својот официјален профил, градоначалникот д-р Горан Стојанов, со цел за реализација на активности за подобрување на условите за живеење на сите граѓани на Општина Неготино, а во недостиг од истите, општината порачала изработка на вкупно 17 проекти кои се однесуваат на реализација на градежни активности како во градот, така и во населените места во нашата општина.

Станува збор за реконструкција на повеќе улици и тротоари, како и поставување на фекална и атмосферска канализација на одредени улици во општината.

Истовремено, кога се најави реконструкцијата на голем број на улици, Здружението за заштита на животната средина ,,Ековита” од Неготино, ги објави резултатите од анкетата која ја спровеле активистите, а биле анкетирани неготинци од различна возраст.

Дури 66,7 проценти од нив одговориле дека би се иселиле од Неготино, а на прашањето кој е одговорен за актуелната состојба во општината, повеќето одговориле дека народот е тој кој сноси најголема одговорност, избирајќи погрешни лица, како и личните интереси на поединци, партизираноста, но и ниската еколошка и општествена свест на граѓаните.

Општинската администрација добила оценка единица за својата работа дури од 41,7 проценти од анкетираните.

Анкетниот прашалник бил составен дел на потпроектот ,,Еко лупа”, финансиран од Владата на Швајцарија, во рамки на проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ спроведуван од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Од ,,Ековита” под иницијативата ,,Неготино зелен и чист град”, за ,,Фокус” велат дека вршеле мониторинг врз предизборното ветување на градоначалникот, дека ќе се изгради модерен градски парк кај Спортската сала Младост.https://fokus.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close