fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

На живинарска фарма во Холандија се појави птичји грип

Холандските власти одлучија да еутаназираат 35.700 бројлери по појава  на птичји грип на една од фармите.

Станува збор за  многу заразен вид на H5N8, кој неодамна беше потврден кај пар диви лебеди во провинцијата Утрехт.

Холандија е најголем извозник на пилешко во Европа. На тамошните одгледувачите  им е наредено да чуваат живина исклучиво во затворен простор за да спречат заразата. Оваа одлука е оправдана со фактот дека живинарската  индустрија е  вредна 1,6 милијарди евра и дека Холандија е најголем европски извозник на пилешко и јајца. Исто така, во оваа индустрија Холандија  вработува околу 10.000 луѓе  во 2.000 фарми, пишува Ројтерс.

Покрај тоа, забранет е транспорт на јајца, живи кокошки и други земјоделски производи  во радиус од 10 километри од заразената фарма во градот Алтфорст. Според соопштението за печат, во оваа област има 25  такви фарми.

Властите исто така тестирале живина за вирус на други фарми и производствени капацитети во радиус од 3 километри.

Европскиот агенција за безбедност на храната (ЕФСА) ги повика земјите од ЕУ да ги зајакнат мерките за надзор и биосигурност за заштита од можни нови епидемии на птичји грип.

Предупредувањето дојде откако вирусот беше пронајден кај диви и домашни птици во западна Русија и Казахстан во изминатите неколку месеци. Имено, од овие региони, се шири во Европа наесен поради миграцијата на водните птици.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close