
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Утрото ведро и студено преку денот сончево – Утрово Крушево и Берово минус 6
Следува период на стабилно и потопло време, освен во четврток кога ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег.
Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на стабилно и потопло време, освен во четврток кога ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Минималните температури утре на повеќе места ќе бидат негативни, а потоа и минималните и дневните ќе бидат во постепен пораст.