fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Поставена агрометеоролошка станица во Општина Новаци

На земјоделците од општина Новаци ќе им обезбедува податоци во реално време за актуелната временска состојба и за климатските промени.

Во Општина Новаци беше инсталирана првата агрометеоролошка станица, која на земјоделците од општина Новаци ќе им обезбедува податоци во реално време за актуелната временска состојба и за климатските промени.
Се работи за проект на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка и од Министерството за локална самоуправа.
Поставувањето на агрометеоролошките станици обезбедува информации за земјоделците за навремена заштита на земјоделските култури од атмосферските влијанија, како и планирање на сите агротехнички мерки што треба да се преземат во одреден период од годината. Уредите ќе мерат температура и влажност на воздухот, брзина и правец на ветерот, количината на врнежи, соларната радијација, влажноста на листовите на растенијата, како и температурата и влажноста на почвата. Ќе се изработи и веб платформа преку која земјоделците ќе добиваат информации за можната појава на болести кај растенијата под влијание на временските услови.
Податоците од агрометеоролошката станица, преку бесплатна апликација на мобилен телефон или компјутер, ќе им бидат достапни и на сите граѓани, а новитет е што ќе се изготвуваат модели на биометеоролошките услови, кои врз основа на измерените параметри ќе даваат прогноза за појава и интензитет на полен, мигрена и ревма.
ревма.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close