fbpx
Вести

Жени – фармери практично обучени за пренос на лозови садници од стратификала на поле

lozovi nasadi

Организирана практична обука на поле со фокус групата во неготинското село Тимјаник за лозови садници од стратификала на поле . Фокус групата е составена од 10 жени – фармери кои стекнатото искуство ќе го применуваат за определен финансиски надоместок од земјоделската компанија Агро Калем која произведува овошни и лозови садници. Обуката е реализирана од проф. д-р Климе Белески кој практично им го презентира процесот и тоа чекор по чекор со совети како да се работи и на што да се внимава со фокус на правилно ракување со садниците од вадењето до стратификалата до нивното овосочување. Тој истакна дека од особена важност е и температурата на восокот кој се користи за садниците за да се добијат што повеќе садници од прва класа, кои се најбарани на пазаророт со саден материјал. Активноста е подржана од страна на проектот „Институционална подршка на ФФРМ“ подржан од We Effect и има за цел да помогне на малите земјоделци за зедничко и обединето да дејствуваат и економски да се развиваат со посебен осврт на жените од руралните средини.


 

федерација на фармери

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close