fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Променливо облачно со дожд во попладневните часови

МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес ќе дува засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Под влијание на циклонска активност во вечерните и ноќните часови и утре преку денот ќе има врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни (над 30 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи

Денеска нè очекува променливо облачно време со засилен ветер од јужен правец. Попладне, најпрво во западните делови на земјава, се очекуваат врнежи од дожд кои ќе бидат под влијание на циклонска активност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи.

Можно е да е слика од текст

Минималните температури во земјава денеска ќе се движат од 5 до 13 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 17 до 24 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни.

Температурите во главниот град ќе се движат од 10 до 24 степени.

За утре УХМР најавува облачно време со на места поројни врнежи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close